Управување со средства

Голем број на производители, превозници и логистички провајдери за пренос на производите во рамките на сопствениот домен или низ синџирот на снабдување користат колички со тркала, рачни приколки, пластични садови, палети, метални буриња и слично. Често се случува овие помошни средства да се изгубат, да не може да се лоцираат кога се потребни или да не се знае точно нивниот животен век од еден до друг сервис. Тука може да помогнат GS1 стандардите.

Како функционира управувањето со средства?

За да може потребната опрема да биде на вистинско место во вистинско време, потребно е истата да се следи. Постојаното следење на транспортната и логистичката опрема е голем предизвик, особено кога вработените не водат постојана евиденција каде се наоѓа опремата. Опремата често завршува на места каде што не е потребна или истата не може да се најде, а тоа допринесува движењето на производите да биде отежнато или во одредени моменти невозможно. Резултат на сето претходно кажано е доцнење во испораката и генерирање на дополнителни трошоци.

GS1 стандардите не само што помагаат во идентификација на секое индивидуално парче на опрема, туку овозможуваат следење на движењето на таа опрема во реално време на различни локации со цел да се обезбеди достапност на потребната опрема на потребното место во точно време.

Бенефити од нашите стандарди

  1. Максимизирање на искористеноста на вашите средства
  2. Зголемен број на навремени достави
  3. Намалување на процентот на изгубени средства
  4. Можност за враќање на средства кои се испорачани кај ваш деловен партнер
  5. Минимизирање на поплаките меѓу деловните партнери поврзани со локацијата средствата